24фудбал

Адеми не само што остана во Динамо, денеска стави потпис на нов договор до 2025 година

Аријан Адеми стави потпис на нов договор и се обврза кон Динамо до 2025 години, Македонецот вели дека останува во Загреб до крајот на кариерата, освен доколку добие примамлива понуда од клуб од топ 5 лигите во Европа.

Македонија

Во последните денови од преодниот рок, Аријан Адеми беше на прагот до преселба во Обединетите Арапски Емирати откако доби богата понуда, но Македонецот на крајот се предомисли.

Тој не само што остана во Загреб, денеска ја продолжи верноста кон Динамо и стави потпис на договор со трајност до 2025 година.

„Зборував дека ќе си одам, но во еден момент сфатив дека тоа не е вистинскиот пат за мене и дека тоа не е она што го сакам во животот. Се предомислив. Сакам оваа прилика да ја искористам за уште еднаш да му се извинам на Крунослав Јурчиќ, не беше убаво ниту пак професионално тоа што му го направив. Ќе останам тука до крајот на кариерата, освен доколку не добијам примамлива понуда од клуб од топ 5 лигите во Европа“ – изјави Адеми.