24фудбал

Адеми: Тоа што го сторив не беше коректно, постои само еден начин да си заминам од Динамо

Вистинска драма се одвиваше околу ситуацијата со Адеми во однос на можното заминување од Динамо Загреб, откако македонскиот репрезентативец во последен час ја промени својата одлука, и не само тоа, веднаш потпиша нов договор со хрватскиот првак со важност до 2025. година.

Македонија

28 годишниот македонски репрезентативец, како и член, а воедно и капитен на хрватскиот првак Динамо Загреб, Аријан Адеми ги коментираше случувањата во јануарскиот преоден рок, каде со една нога беше во Обединетите Арапски Емирати, меѓутоа, иако ја прифати понудата од Ал Наср, во последен час се предомисли и остана во хрватската престолнина.

Останувам во Динамо, единствено само поради некоја вистинска понуда од петорката би можела да си заминам од тука. Тоа се понуди за кои воедно почнав да играм фудбал, тоа другото не ме интересира“ изјави Македонецот, алудирајќи на тоа дека богати понуди не го интересираат, а живее за моментот кога би добил можност да направи трансфер во некој клуб од најдобрите пет лиги во Европа.

„Колку бев близу до трансфер во Емиратите? Само што не бев таму, себеше договорено, меѓутоа жал ми е што на некој начин бев некоректен со овој потег кон Крунослав Јурчиќ, му се извинувам еве на еден ваков начин, му реков дека ќе дојдам, а потоа се предомислив“ додава Адеми, со тоа што упати извинување до тренерот на Ал Наср од Дубаи, па воедно ја коментираше и „шпекулацијата“ Бетис, која беше актуелна извесен период.

Бетис и други понуди? Како прво, не знам колку сето тоа беше конкретно, и дали воопшто беше конкретно. Од друга страна, навистина не би знаел колку би било паметно за еден клуб да го продаде својот капитен за толку мало обештетување, единствено знам дека пред 2-3 години имав богата понуда од Лил, е тогаш се работеше за околу 6-7 милиони евра“ открива нашиот репрезентативец, кој воедно беше запрашан и за идните случувања со македонската репрезентација, тој не крие дека силно посакува настап на Европското првенство, до кое може да се стигне преку Лигата на нации.

Прво не чека Косово, а потоа во финалето веројатно би играле со Грузија, секако дека сакам да играм на Европското првенство“ заклучи капитенот на Динамо Загреб, практично „отпишувајќи“ го Косово, во полуфиналната битка од Лигата на нации во пресметката со нашата селекција.

Во однос на дуелот со Косово, во рамките на полуфиналната фаза од Лигата на нации, истиот се игра во Скопје, на 26 март.


Извор: 24sata.hr

Фото-вест: gnkdinamo.hr