24фудбал

Меси како никогаш претходно „удри“ по Абидал: За да не нè црниш сите, кажи ги имињата на тие кои биле незадволни!

Војна во Барселона, на Лео Меси не му се допаднаа изјавите на Ерик Абидал за отказот на Ернесто Валверде па првата ѕвезда на клубот како никогаш претходно „удри“ по спортскиот директор.

Шпанија

Неколку дена кружат гласини за несогласувања на Камп Ноу, наводно Жерард Пике и Лео Меси имале расправија. Дека во моментов не цветаат рози во Барселона покажа последната порака на Аргентинецот на социјалните мрежи.

Денеска Ерик Абидал даде интервју во кое објасни зошто Ернесто Валверде добил отказ. Тој откри дека почнале да размислуваат за нов тренер уште по „Ел класико“ на 18. декември, а како причини за одлуката рече: „Многу играчи не беа задоволни, ниту пак работеа напорно а имаше и проблеми во интерната комуникација“.

Оваа изјава предизвика реакција на Лео Меси, кој се огласи на социјалните мрежи и како никогаш претходно удри по спортскиот директор.

„Искрено, не ми се допаѓа што вака го пренесувам мојот став, но мислам дека сите треба да се одговорни за својата работа и одлуките кои ги носат. Ние играчите сме одговорни за случувањата на теренот и први признаваме кога резултатите и играта не се на потребното ниво. Оние кои се главни на спортскиот департмaнт исто така треба да превземат одговорност за потезите кои ги влечат. За крај, мислам дека кога зборуваш за играчи, треба да кажеш конкретни имиња, вака сите не црниш и помагаш да се шират гласини кои не се вистинити“ – гласеше пораката на првата ѕвезда на клубот.