24фудбал

Неверојатниот Халанд погоди и во купот но сите зборуваат за голот на 17 годишниот Рејна (ВИДЕО)

Ерлинг Халанд продолжува да ги поместува границите откако погоди и против Вердер во Купот на Германија, сепак сите зборуваат за друг тинејџер на Борусија Дортмунд, 17 годишниот Џовани Рејна постигна прекрасен погодок и стана најмладиот стрелец во ова натпреварување.

Германија

Вердер со 3-2 ја совлада Борусија Дортмунд во Купот на Германија. „Милионерите“ се елиминирани, но натпреварот помина во знакот на двајца перспективни играчи на гостите.

Ерлинг Халанд ја продолжи гол серијата, погоди и во купот и стана првиот играч кој постигнал 8 гола во првите четири натпревари за клуб од Бундеслигата.

И покрај тоа што неверојатниот Норвежанец постигна нов рекорд, сите зборуваат за голот на 17 годишниот Цовани Рејна. Тинејџерот од САД убаво се ослободи од тројца противници, прекрасно пласираше право под пречката и стана најмладиот стрелец во историјата на Купот на Германија.