24фудбал

Тивка војна помеѓу Меси и Тер Штеген, двоецот се „судрил“ за време на тренинг?

Се чини дека во Барселона не можат да „куртулат“ од проблеми изминатиов период, а назначувањето на Сетиен донесе и проблеми од резултатски карактер, меѓутоа Каталонците се чини дека се соочуваат и со проблеми во соблекувалната.

Шпанија

Првата ѕвезда на Барселона, Лионел Меси, како и неговиот соиграч, голманот Тер Штеген се „судриле“ за време на тренинг, а се чини дека тензиите во составот на Каталонците од ден на ден сеповеќе и повеќе растат.

Во Шпанија претходно тврдеа дека се случил судир за време на тренинг на Барселона, во кој инволвирани биле двајца фудбалери, но, медиумите не посочија имиња, а сега „ЕлПаис“ известува дека се работи токму за Меси и Тер Штеген.

Изминативе неколку седмици се доста турбулентни за Барселона, која се раздели со Ернесто Валверде, и покрај јавните коментари на капитенот Меси кој застана во одбрана на својот тренер за лошите резултати на тимот, меѓутоа тоа ништо не промени во ставот на Барселона, која го назначи Кике Сетиен за нов тренер, а резултатите не се ништо подобри.

Како и да е, „ЕлПаис“ наведува дека Меси и Тер Штеген дотогаш имале одличен однос, меѓутоа случувањата на „Камп Ноу“ веројатно донело различни ставови кај двоецот по тие клупски прашања.

Ќе потсетиме дека спортскиот директор на Барселона, Ерик Абидал со една изјава во јавноста, во која наведе дека многу фудбалери на Каталонците не биле среќни и не го давале максимумот од себе, го натера Меси јавно да го прозва и да посочи имиња, бидејќи со таквата изјава, го „оцрнувал“ целиот тим.

„Газета дело Спорт“ веќе наведе пет клуба каде Меси би можел да ја продолжи кариерата од летниот преоден рок па натаму, со оглед на специјалната клаузула која Аргентинецот ја има во својот договор, која му овозможува на лето да си замине како слободен играч на трансфер пазарот.