24фудбал

Л’Екип ги открива платите на фудбалерите, Меси заработува повеќе од Роналдо и Нејмар заедно!

Реномираниот француски весник Л’Екип објави листа со најголемите плати во светот на фудбалот, на врвот е Лео Меси, кој заработува повеќе од Кристијано Роналдо и Нејмар заедно.

Останато

Ѕвездата на Барселона, Лео Меси е најплатениот фудбалер во светот, пред Кристијано Роналдо, ова денеска го објави ЛЕкип во својата анализа за платите во фудбалот.

Реномираниот француски весник пишува дека Лео Меси има месечна бруто плата од 8,5 милиони евра, односно речиси двојно повеќе од онаа на Кристијано Роналдо, и повеќе од ЦР7 и Нејмар заедно. Португалецот има месечна бруто плата од 4,5 милиони евра, додека пак Бразилецот има месечна бруто плата од нешто над 3 милиони евра и е најплатен во Франција.

Нешто помалку од три милиони евра месечна нето плата имаат и Луис Суарез и Антоан Гризман, потоа следуваат Герет Бејл и Еден Азар, кои имаат по 2,5 милиони евра. Килијан Мбапе има околу 1,9 милиони евра.

Во топ 10 се најде и Давид де Хеа, кој со 1,76 милиони евра месечно е најплатен во Премиерлигата. На „островото“ во топ три уште се и Месут Озил и Кевин Де Брујне, со 1,64 милиони евра.

Во Германија, дуото на Баерн Минхен, Роберт Левандовски и Филипе Кутињо се најплатени со 1,66 милиони евра месечно.

Во Италија, сите други се далеку зад Кристијано Роналдо, Гонзало Игуаин е втор со 1,09 милиони евра, а потоа следи Пауло Дибала со 1,06 милиони евра месечна бруто плата.