24фудбал

Спектакурален гол на Џан во дресот на Борусија Дортмунд (ВИДЕО)

„Отпишаниот“ од составот на Јувентус импресионираше со својот спектакуларен гол во дебито за Борусија Дортмунд, екипа која има доста респектабилен состав.

Германија

Многумина се прашуваа како Емре Џан ќе се адаптира во составот на Борусија Дортмунд, иако „Бундеслигата“ му е добро позната, меѓутоа искусниот фудбалер од средниот ред беше стартер уште во првиот меч за „Милионерите“ по преселбата од Јувентус во јануарскиот преоден рок.

Како и да е, 26 годишниот Џан не чекаше многу за да покаже што знае и умее, а се врати во „Бундеслигата“ на најдобар можен начин, со еден спектакуларен гол на гостувањето кај Баер Леверкузен во мини-дербито на 21 коло од најсилниот фудбалски шампионат во Германија.