24фудбал

Анчелоти се налути: Го повика Сидибе да влезе во игра, а овој мораше до соблекувална откако... (ВИДЕО)

„Карамелите“ се препородија по доаѓањето на искусниот италијански фудбалски стратег на „Гудисон Парк“, а денеска имавме една доста интересна сцена од мечот на Евертон против Кристал Палас на домашен терен.

Англија

Евертон дојде до третата победа во последните пет натпревари од „Премиерлигата“, откако на домашен терен го совладаа составот на Кристал Палас со 3-1, па така тимот од „Гудисон Парк“ сега сериозно се замеша во битката за најдобрите четири позиции.

Како и да е, денеска имавме една доста интересна ситуација на мечот помеѓу Евертон и Кристал Палас, ситуација поради која се налути Карло Анчелоти, кој брзо реагираше по повредата на Тео Волкот, па го повика од клупата Џибрил Сидибе да влезе во игра.

Овој се подготви да влезе на теренот, меѓутоа пред да влезе на теренот увиде дека му недостасува левата штуцна, за што реагираше и официјалното лице крај аут линијата, па на кратко подразмисли каде ја заборавил, по што мораше да отиде до соблекувалната.

Сето тоа се одолговлече, па Анчелоти за момент се налути на неодговорноста на бекот кој инаку сезонава доби голема прилика за докажување од Италијанецот, и нема да погрешиме доколку наведеме дека ја искористи во целост.

По мечот, за време на пресконференцијата Анчелоти дури и беше запрашан за оваа доста интересна ситуација од мечот, па Италијанецот беше краток во својот одговор.

Ова за мене е едно ново искуство...“ рече шефот на стручниот штаб на Евертон алудирајќи на тоа што досега не се соочил со ваква ситуација како денешнава.