24фудбал

Ибра: Тешко ми е да објаснам што се случи, се договоривме дека првите 15 минути се клучни и пак примивме два гола

Златан Ибрахимовиќ не може да објасни како Милан од 0-2 на полувреме загуби со 4-2 против Интер, вели дека целосно се распаднале откако „нероаѕурите“ постигнале два гола за две минути на стартот од вториот дел.

Италија

Интер го доби градското дерби против Милан по еписки пресврт. Ибраниците на Антонио Конте на пауза заминаа со два гола негатива, но во продолжението од мечот за кратко време ја анулираа предноста на „росонерите“ а до крајот на мечот направија целосен пресврт и триумфираа со 4-2.

Златан Ибрахимовиќ, кој постигна гол и забележа асистенција, не може да објасни како Милан ја испушти предноста и вели дека  „росонерите“ целосно се распаднале по голот на Весино за 2-2.

„Тешко ми е да објаснам што се случи“ – рече Швеѓанецот за Скај Спорт. „На полувреме се договоривме дека првите 15 минути од продолжението се клучни, и во тие 15 минути примивме два гола. Потоа престанавме да играме, тимот престана да верува, престанавме да притискаме, се се распадна. Мислам дека ова е поради неискуство, мората да знаете како да го контролирате натпреварот кога водите со 2-0. Навистина ми е чудно бидејќи во првото полувреме практично одигравме перфектно. Очекував многу повеќе од Интер и во првиот дел не изгледаа како тим кој е втор на табелата. Но по паузата покажаа зошто се таму“.