24фудбал

Реакцијата на Ибра кога го прашаа дали Интер има шанса за Скудетото (ВИДЕО)

Златан Ибрахимовиќ не беше многу расположен за давање изјави по поразот на Милан од Интер во големото градско дерби.

Италија

Милан имаше одлично прво полувреме по кое водеше со 2-0, Ибрахимовиќ имаше гол и асистенција. Но работите се променија во второто полувреме во кое Интер даде четири гола и победи со 4-2.

По крајот на мечот, Ибра беше запрашан и дали Интер има шанси за освојување на Скудетото. Тој само рече „Не“, ја сврте главата и си замина.