24фудбал

Телеграф открива: Во Манчестер јунајтед со години не биле свесни што го мачи Лукаку, во Интер откриле за два-три дена

Ромелу Лукаку има одлична сезона во Милано а според пишувањата на Телеграф, лекарскиот тим на Интер има голама заслуга за ова откако откриле дека напаѓачот има дегестивен проблем и веднаш го ставиле на специјален режим на исхрана.

Италија

Белгиецот минатото лето се пресели на Џузепе Меаца во трансфер вреден околу 80 милиони евра. Ромелу Лукаку не беше дел од плановите на Оле Гунар Солшер и се шпекулираше дека една од причините е слабата физичка подготвеност, односно напаѓачот имал неколку килограми повеќе па брзо се заморувал на натпреварите на кои темпото на игра било повисоко.

Кога пристигна официјална вест за трансфер во Интер, легендата на Манчестер јунајтед, Гери Невил ја поздрави одлуката на „ѓаволите“ да се разделат со Ромелу Лукаки и на социјалните мрежи напиша: „Тој самиот призна дека е предебел! Игра за Манчестер јунајтед а тежи повеќе од 100 килограми! Непрофесионалноста е заразна“.

Според пишувањата на Телеграф, Ромелу Лукаку имал дегестивен проблем поради кој качувал повеќе килограми отколку што требало. 

По преселбата во Милано, лекарскиот тим на Интер за неколку дена ја открил дијагнозата која докторите на Манчестер јунајтед не знаеле како да ја забележат со години. Па напаѓачот веднаш бил ставен на специјален режим на искрана и симнал три килограми за 12 дена.