24фудбал

„ФрансФудбал“ објави со какви потешкотии се соочува Гризман во Барса, „Спорт“ демантираше

Во Барселона владее одредена криза, особено по изјавата на спортскиот директор Абидал дека некои фудбалери не се залагале максимално, што наиде на брза реакција кај капитенот Меси кој го повика да објави имиња, а не да го „оцрнува“ целиот тим на таков начин, а дискутабилна е адаптацијата на Гризман.

Шпанија

„ФрансФудбал“ тврдеше дека Гризман настрада во обидите да се адаптира во соблекувалната на Барселона, односно, има големи проблеми во тие обиди, меѓутоа, „Спорт“ известува пак нешто сосема друго.

Тие не се едноставни со мене, но, јас нема да се предадам. Да, тие ми се љубоморни поради освоеното Светско првенство“ објави „ФрансФудбал“ доверливи зборови од Антоан Гризман, фудбалерот на Барселона кој наводно тешко му оди во адаптацијата во соблекувалната на Каталонците.

Како статус на светски првак, наводно Гризман наишол на ладно добредојде на „Камп Ноу“, а францускиот медиум ги анализира првите неколку месеци на напаѓачот во дресот на Барселона по трансферот од Атлетико Мадрид, како и неговиот однос со „тешкаџиите“ во каталонскиот гигант, меѓу кои и Лионел Меси.

Според известувањата на „ФрансФудбал“, Гризман приватно веќе се доверил околу неговата состојба, за која не сака да говори јавно, меѓутоа каталонски „Спорт“ тврди дека такво нешто не постои.

Ништо не може да отиде подалеку од реалноста, а овие коментари на Гризман не постојат, „Спорт“ дознава дека Гризман никогаш не разговарал со „ФрансФудбал“, и не само тоа, ниту пак им дал интервју, коментарите кои се наведуваат всушност не постојат, ниту пак биле кажани, ниту  до блиски пријатели и роднини на самиот фудбалер“ пишува „Спорт“.

„ФрансФудбал“ во својата објава, додава и дека понежната половина на францускиот репрезентативец, Ерика, наводно не е среќна во Барселона, а водно и недостигала шпанската престолнина, се мисли на Мадрид секако.