24фудбал

Пеп: Јас најдобар? Дајте ми тим кој не е како Манчестер Сити и нема да освојам ништо!

Пеп Гвардиола вели дека не е најдобриот тренер во светот, смета дека ако има послаб тим од Манчестер Сити нема да освои ништо.

Англија

Многумина сметаат дека Пеп Гвардиола е најдобриот тренер во светот, оние кои не мислат дека е најдобар, сметаат дека е барем еден од најдобрите.

Но за разлика од сите, Пеп Гвардиола вели дека тој не само што не е најдобар, туку и дека не би освојувал трофеи ако тимот не му е на нивото на тој од Манчестер Сити.

На прашањето дали е најдобриот тренер во светот, Пеп одговори: „Бев. Но, што е најдобар тренер во светот, не знам што е тоа, никогаш не сум се чувствувал како најдобар. Во Барселона освоив шест титули по ред и една тројна но никогаш не сум се почувствувал така. Сум освојувал бидејќи има исклучителни фудбалери во големите клубови. Па јас сум добар тренер, но не најдобар. Дајте ми тим кој не како Манчестер Сити, јас нема да освојам“.