24фудбал

Дембеле опериран, го чека шест месеци пауза, Барса договори негова замена

Барселона соопшти дека Осман Дебеле ќе паузира околу шест месеци па медиумите најавуваат дека „каталонците“ набрзо ќе ја искористи опцијата да донесат замена, начелно е постигнат договор со Реал Сисиедад за трансфер на Вилијан Жозе вреден 35 милиони евра.

Шпанија

Осман Дембеле го чека долг процес на опоравување. Французинот попладнево успешно бил опериран во Финска од страна на докторот Ласе Лемпаинен. Напаѓачот ја скина тетивата во задната ложа на деснета нога и ќе биде надвор од стројот шест месеци.

Ваквата дијагноза отвара простор за Барселона да донесе замена за Осман Дембеле. Според РТВЕ, начелно е постигнат договор со Реал Сосиедад за трансфер на Вилијан Жозе, зделката може да ги чини „каталонците“ и до 35 милиони евра.

Клубот од Камп Ноу сега треба целата докуметанција од дијагнозата да ја достави до федерацијата, а медицинска комисија ќе има три дена да го одобри барањето за купување на играч надвор од преодниот рок.