24фудбал

Покетино си ја кажа желбата, сака следниот клуб да му биде во Премиерлигата

Поранешниот тренер на Тотнем, Маурисио Покетино би сакал повторно да работи во Премиерлигата, тој ја следи ситуацијата и чека понуда.

Англија

Иако не освои титула со Тотнем, Покетино беше фантастичен тренер за Спарс кои ги водеше до финалето од Лигата на шампионите и постојано играше во елитното европско натпреварување. 

Поради лошите резултати оваа сезона раководството одлучи да го замени со Жозе Мурињо, но тој со задоволство повторно би работел во Англија.

„Да бидам искрен, би сакал да работам во Премиерлигата. Знам дека ќе биде тешко, но во овој момент чекам и ќе видиме што ќе се случи“, вели Покетино.

„Овој период го користам за себеси и да се подготвам бидејќи во фудбалот секогаш може да се случи нешто и треба да бидете подготвени“.

„Подготвен сум и го чекам новиот предизвик. Верувам дека следниот предизвик ќе биде фантастичен“.