24фудбал

Хируршки прецизна асистенција на Иниеста (ВИДЕО)

Шпанскиот ветеран продолжува да импресионира со своите фантастични потези во дресот на јапонски Висел Кобе и на свои 35 години.

Останато

Висел Кобе на одличен начин ги стартуваше настапите во овосезонската азиска Лига на шампиони, а уште во првото коло од групата „Г“ на домашен терен го „преслуша“ малезиски Јохор Дарул Тазим совладувајќи го со убедливи 5-1.

Сепак, убедливата победа на домаќините за момент во втор план ја стави фантастичната асистенција на големиот мајстор на фудбалската игра, 35 годишниот Андрес Иниеста, кој дури од педесетина метри упати „хируршки“ прецизна топка до својот соиграч Огава, кој инаку постигна хет-трик на оваа пресметка.


Иниеста инаку имаше и уште една асистенција во истиот меч, во голот за конечни 5-1 кој ги постави Огава.