24фудбал

Големи се очекувањата Санчо да се пресели во Премиерлигата на лето, Манчестер јунајтед е првата опција за него

Од германски „Скај“ најавуваат дека офанзивецот на Борусија Дортмунд сигурно ќе си замине од Германија во летниот преоден рок, а се чини дека Манчестер јунајтед е најсериозниот претендент за неговиот потпис.

Германија

Во екот на големите шпекулации кои Џејдон Санчо го поврзуваат со потенцијален трансфер во Манчестер јунајтед, репортерот на германски „Скај“, Јеско фон Ејхман наведува дека Англичанецот сигурно ќе си замине од Германија на лето.

19 годишниот Санчо стана регуларен член на најсилниот состав на англиската фудбалска репрезентација, а бележи голем напредок во својата кариера уште во раните години по трансферот од Манчестер Сити во 2017. година.

Тој ќе си замине од Дортмунд на лето, тоа е сигурно, меѓутоа, засега останува непознато за кој клуб ќе потпише“ вели Ејхман.

Од тоа што досега е познато, Манчестер јунајтед е еден од клубовите кои се заинтересирани, директорот на Борусија Дортмунд, претходната седмица во едно интервју наведе дека досега немале понуда за Санчо, денеска, јас повторно го прашав за таа тема, а тој само се насмеа“ додава Ејхман.

Нема дилеми дека одлуката на Санчо на 17 години да ги напушти редовите на Манчестер Сити беше еден вид „коцкање“, меѓутоа ризикот во голема мера се исплатеше, од тогаш па наваму постигна фантастичен учинок од 28 погодоци на 72 настапи.