24фудбал

Ајакс ги откри деталите од трансферот на Зијеш и му порача на Челси: Верувајте во неговата магија (ВИДЕО)

Пристигна официјална потврда за преселбата на Хаким Зијеш во Лондон, Ајакс и Челси попладнево соопштија дека си подале рака а трансферот може да чини и до 44 милиони евра.

Англија

Френк Лампард побара од раководството на Челси да го донесе Мароканецот на Стемфорд Бриџ уште во јануари, но Ајакс одби да се раздели со својата ѕвезда сред сезона. Сепак, двата клуба ги продолжија преговорите и си подадоа рака за трансфер кој ќе се реализира на 1. јули.

Ајакс ги откри и деталите од зделката, Челси за Хаким Зијеш ќе плати 40 милиони евра, плус додатни 4 милиони евра во бонус.

Клубот од Амстердам исто така на социјалните мрежи испрати и порака до „сините“ со компилација од најдобрите потези на офанзивецот и напиша: „Мора да верувате во неговата магија и големи работи ќе се случат“.