24фудбал

Направил селфи со Зидан за да им се фали на пријателите дека тренерот на Реал го чукнал со автомобил (ФОТО)

Игнасијо Фернандез од Галисија е човекот кој минатата недела направил сообраќајка со Зинедин Зидан, во разговор со медиумите од Шпанија тој раскажа како веднаш му поминала лутината кога видел дека е удрен од тренерот на Реал Мадрид.

Шпанија

Во саботата, Зизу имаше мал инцидент на пат кон тренинг и чукна друг автомобилот. Медиумите од Шпанија брзо стапија во контакт со човекот кој направи сообраќајка со тренерот на Реал, станува збор за Игнасијо Фернандез од Галисија, менаџер на салон за мебел кој бил во Мадрид на саем.

Тој раскажува како на кружен тек во Валдебебас застанал за да пропушти едно возило и некој го удрил одзади. Кога излегол да види што се случило, забележал дека виновникот всушност е Зинедин Зидан. Лутината веднаш му поминала, па дури и направил селфи со легендата за да им се пофали на пријателите.

„Веднаш го препознав и му реков, „Би сакал да се сретневме под други околности, но ниту ова не е лошо“. Му кажав дека мораме да направиме селфи бидејќи пријателите нема да ми веруваат дека ме чукнал Зидан. Беше љубезен и кажа да. Ја симна капата и направивме фотка“ – открива Игнасијо Фернандез.

За медиумите да не направат спектакл од сообраќајката, тој се сложил документацијата да биде разменета подоцна и само му дал број на Зизу.

„Неколку часа подоцна ми се јави неговиот адвокат, изрази благодарност за разбирањето бидејќи Зидан се брзал на тренинг“.