24фудбал

Реал пак и ги мати плановите на Барса, „кралевите“ ќе ја активираат откупната клаузула на Лаутаро Мартинез?!

И Реал Мадрид застана во редот за потписот на Лаутаро Мартинез, од Аргентина пристигнува информација дека „кралевите“ се подготвени да ја активираат откупната клаузула на напаѓачот на Интер вредна 111 милиони евра.

Шпанија

Двата лути ривали изминативе години водеа многу битки надвор од терените. Откако Барса ја доби трката за Нејмар, Реал го возврати ударот со ангажман на неколку талентирани фудбалери од Бразил како Винисиус Жуниор, Родриго и сега Реиниер.

Ривалството ќе продолжи и во иднина, од Аргентина пристигнува информација дека „кралевите“ застанале во редот за потписот на Лаутаро Мартинез.

Напаѓачот прикажува одлични партии во Интер и го привлече вниманието на многу клубови. Се говори дека Барса во Лаутаро Мартинез гледаат долгорочна замена за Луис Суарез и летоска нема да штедат за да го донесат на Камп Ноу.

Но новинарот Естебан Адул од ТиК Спортс пренесува дека и Флорентино Перез има намера да бркне длабоко во џебот. Според информациите на ТиК, Реал Мадрид е подготвен ја активира откупната клаузула во договорот на Лаутаро Мартинез вредна 111 милиони евра која е на сила само во првите две недели од јули месец.

„Кралвите“ исто така имаа спремено богата плата за играчот и ќе се обидат да го примамат на Сантијаго Бернабеу со 14 милиони евра по сезона.

За Лаутаро Мартинез интерес пројавуваат уште неколку клубови, како Манчестер јунајтед и Манчестер Сити, и ТиК додава дека желба на Аргентинецот на крајот може да биде пресудна за следната дестинација.