24фудбал

„Дали би му дал на Солшер 150-200 милиони за трансфери? Не, тој не е способен да биде тренер на Јунајтед“

Манчестер јунајтед му дава поддршка на Оле Гунар Солшер, но критиките за работата на Норвежанецот пристигнуваат од сите страни.

Англија

Манчестер јунајтед му дава поддршка на Солшер и вербална и со пари за трансфери. Последно големо засилување за Норвежанецот е Бруно Фернандеш.

Солшер според резултатите е најлошиот тренер на Манчестер јунајтед, но и покрај тоа нема дискусија за негов отказ.

Голем дел од навивачите сакаат тренерска смена, сакаат голем тренер кој ќе го врати тимот во конкуренција за најголемите трофеи. Тоа сега изгледа далеку.

Поранешниот претседател на Кристал Палас, Симон Џордан е последниот кој му препорачува на раководството на Јунајтед да си најде друг тренер.

„Ед Вудвард излезе пред некоја недела и рече дека тие не се таму каде што треба да бидат и ќе продолжат да трошат пари“, вели Симон Џордан.

„Но јас навистина не мислам дека Солшер е спосебен да ги менаџира фудбалерите, без разлика кои играчи ќе му ги донесат за да го вратат клубот таму каде што му е местото“.

„Дали би му дал на Солшер 150-200 милиони фунти да потроши? Не. Прво него не би му ја дал ни работата, но јас не го водам Манчестер јунајтед“.

„Мислам дека беше лоша одлука, голема грешка што му ја дадоа работата по добрите резултати на неколку меча“.