24фудбал

Буфон од Сан Сиро си замина со дрес на Малдини и порача: Сега чекам од нивните внуци (ВИДЕО)

Легендата на Јувентус и Италија, Џиџи Буфон од Сан Сиро замина со дрес на Даниел Малдини, синот на Паоло Малдини со кого водеше големи битки но и играше заедно во дресот на „аѕурите“.

Италија

Џиџи Буфон оваа сезона се врати во Торино за да одигра уште десетина натпревари во Калчото, да собори неколку рекорди и да испише историја. За тоа колку долго е дел од фудбалот говори и фактот дека тој вечерва од Сан Сиро си замина со дрес на Даниел Малдини, синот на Паоло Малдини со кого водеше големи битки но и играше заедно во дресот на „аурите“.

Запрашан од новинарите за дресот, голманот со насмевка на лицето рече: „Во мојата колекција имам дрес од Киеза и неговиот син, Турам и неговиот син, Веа и неговиот син и сега од Малдини и неговиот син. Сега ќе чекам дресови од нивните внуци“.