24фудбал

Сари контра Пиоли: Пеналот беше чист, плус не ни досудија уште еден за прекршок над Квадрадо!

Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари не се сложува со својот колега од таборот на Милан, Стефано Пиоли и вели дека пеналот за играње со рака на Калабрија бил чист и додава дека требале да добијат уште една најстрога казна за прекршок над Квадрадо.

Италија

Првиот натпревар од полуфиналето во Купот на Италија помеѓу Милан и Јувентус имаше контроверзна завршница, Кристијано Роналдо во последните минути изедначи на 1-1 од пенал.

Судијата покажа на белата точка откако ја прегледа ситуацијата со ВАР, но тренерот на Милан, Стефано Пиоли беше лут и откри дека неодамна на еден состанок им била покажана иста ситуација и им било кажано дека нема елементи за најстрога казна.

Но Маурицио Сари не се сложува со својот колега, вели дека пеналот бил чист, и додава дека тие требале да добијат уште еден удар од 11 метри за прекршок над Квадрадо.

„Пеналот беше чист, раката не беше прилепена за тело и според сегашните правила, тоа е чист пенал. Можам да кажам дека не ми се допаѓаат сегашните правила, но не можам ништо против правилата. Според сегашните правила, ова е пенал и судијата затоа покажа на белата точка. Исто така, требаше да добие уште еден пенал за лактот во лице кој го доби Квадрадо“ - вели тренерот на Јувентус.