24фудбал

Ракитиќ: Меси е најдобар на сите времиња, но сакам да играм и со Роналдо

Иван Ракитиќ смета дека Лео Меси е најдобриот фудбалер во светот на сите времиња, но би сакал да игра и со Кристијано Роналдо.

Шпанија

Иднината на Ракитиќ е неизвесна, голема е веројатноста дека Хрватот ќе ја напушти Барселона во летниот преоден рок, неговото име често се поврзува со клубови од Серија А.

„Неверојатно е да играте со Меси, мислам дека тој е навистина посебен. Според мене е најдобар на сите времиња. Цело време имало посебни фудбалери. Но она што го двои од другите е тоа дека тој е најдобар во последните 15 години. Неверојатно е тоа што играм со него во изминатите шест години“, вели Ракитиќ.

„Би сакал да играм и со Кристијано Роналдо, тој исто така е еден од најдобрите во историјата. Уживање е да се гледа тоа што го прави во Јувентус“.