24фудбал

Рајола ги подгрева гласините дека Погба може да се врати во Јувентус

Мино Рајола вели дека Италија е како втор дом за Пол Погба, а еден играч може да биде среќен само кога се бори за големи трофеи.

Италија

Погба нема стартувано на натпревар за Манчестер јунајтед од септември кога заработи повреда. Во моментов се опоравува од операција на зглобод. Се очекува наскоро да биде во составот.

Французинот долго време се поврзува со заминување од Манчестер јунајтед, а како негови можни дестинација најчесто се споменуваат Јувентус и Реал Мадрид.

Неговиот агент, Мино Рајола вели дека Италија е како негов втор дом, со тоа ги подгреа надежите на фановите на Јувентус дека се „крчка“ негово враќање во Торино.

„Италија е како негов втор дома“, изјави Рајола за „Скај Спортс Њуз“.

„Прашање е дали е среќен. Не можете да бидете среќни ако не се борите за титула или за Лигата на шампионите“.

„Целта на секој врвен фудбалер е тоа. Засега тој е фокусиран на неговата рехабилитација, тоа е важно за него и за Манчестер јунајтед за да се обидат да влезат во Лигата на шампионите, а потоа следува Европското првенство, па ќе видиме“.