24фудбал

Ракитиќ: Мурињо рече дека јас сум најпотценет фудбалер и беше во право

Иван Ракитиќ вели дека според него најпотценет фудбалер во Европа е Мирален Пјаниќ.

Шпанија

Пред извесно време Жозе Мурињо упати големи пофалби за Иван Ракитиќ кој е на излезна врата од Барселона.

Португалецот смета дека хрватскиот фудбалер е најпотценет играч бидејќи многумина не ги забележуваат работите што тој ги прави на теренот а се од исклучително значење.

„Има многу потцените играчи. Мурињо рече дека тоа сум јас и беше во право (на шега рече Ракитиќ). Има многу такви фудбалери, за мене тоа е Пјаниќ“, вели Хрватот.