24фудбал

УЕФА силно удри по Манчестер Сити, двегодишна суспензија од ЛШ!

Манчестер Сити доби двегодишна суспензија од Лигата на шампионите плус парична казна од 30 милиони евра поради прекршување на финансискиот фер-плеј.

Англија

Дисциплинската комисија при УЕФА немаше милост кон Манчестер Сити, конечно еден богат клуб доби голема казна.

Поради сериозни прекршувања на финасискиот фер-плеј и правилата на УЕФА за лиценцирање, Манчестер Сити нема да игра во Лигата на шампионите и во било кои натпреварувања на УЕФА во сезоните 2020/2021 и 2021/2022, плус ќе треба да плата глоба од 30 милиони евра.

Од Манчестер Сити се огласија дека се разочарани, но не и изненадени од одлуката на УЕФА, казната ќе ја обжалат на Судот за спортска арбитража во Лозана.

Ова е голем удар за Манчестер Сити, сега уште пореални стануваат шансите Пеп Гвардиола да си побара нов клуб на лето.