24фудбал

Клоп: Јувентус го има најширокиот состав кој сум го видел, тоа е лудост и ме чуди како немаат 10 бода предност во Серија А!

Јирген Клоп се чуди како Јувентус нема 10 бода предност на врвот на табелата во Италија, вели дека никогаш не видел толку широк состав како оној на „старата дама“ и затоа пред почетокот на сезоанта ги сметал за главен фаворит за титулата во Лигата на шампионите.

Лига на Шампиони

Во пресрет на почетокот на нок-аут фазата во Лигата на шампионите, Германецот во разговор со Гардијан ги посочи клубовите со најголема шанса за триумф во најелитното европско натпреварување.

„Јувентус беше мој фаворит пред почетокот на сезоната, но очигледно не гледам доволно Серија А бидејќи не ми е јасно како немаат 10 бода предност на врвот на табелата. Тие го имаат најширокиот состав кој сум го видел, многу квалитетни играчи, тоа е лудост“ – вели тренерот на Ливерпул.

„Баерн Минхен исто така има огромен состав, а и ПСЖ има неверојатен состав кога сите се здрави и подготвени за настап. Никогаш не можете да ја отпишете Барселона, а да не го заборавиме и Манчестер Сити, сега Лигата на шампионите ќе им биде главна цел“.

„Што се однесува до нас, немам идеја колку далеку ќе стигнеме, но нема потреба да мислиме на ова, треба да одиме чекор по чекор и сега целиот фокус да ни биде на дуелот со Атлетико во вторник“.