24фудбал

Пандев се повреди!

Горан Пандев заработи повреда на коленото на мечот помеѓу Болоња и Џенова по што предвреме го напушти натпреварот.

Италија

Капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев заработи повреда на левото колено уште на почетокот од мечот против Болоња.

Пандев се обиде да продолжи да игра но не можеше. Беше изваден од игра во 13. минута.

Деталните прегледи ќе покажат за каква повреда станува збор и колку време Пандев ќе отсуствува од теренот. Се надеваме дека не е сериозно бидејќи Македонија ја очекува важниот дуел со Косово.