24фудбал

Аталанта и подари водство на Рома, па за 10 минути направи пресврт со магијата на Пашалиќ (ВИДЕО)

Аталанта издвојува значајна победа откако вечерва со 2-1 славеше против Рома и креираше позитива од шест бода во однос на „волчицата“ на четвртата позиција на табелата.

Италија

Во пресметка на две екипи кои се борат за влез во топ четири и место во Лигата на шампионите, Аталанта славеше со 2-1 против Рома. Гостите поведоа во последните минути од првиот дел откако домашниот дефанзивец Поломино загуби една топка на својата половина и му овзоможи на Џеко да погоди за 0-1.

Сепак, „нероаѕурите“ од Бергамо направија пресврт во продолжението од натпреварот и тоа за само 10 минути. Паломино се искупи за грешката, се најде на право место во право време и по еден корнер од десната страна донесе 1-1.

Потоа следеше магија на Пашалиќ, кој само дваесетина секунди по влегувањето во игра, со својот прв допир на топката маестрално пласираше за 2-1 и огромна радост на домаќините.

Со овој триумф, Аталанта сега има +6 во однос на Рома на четвртата позиција на табелата.