24фудбал

„Дај ми 100.000 евра или ќе те пријавам!“ - Балотели имал секс со малолетна девојка па бил уценуван

Марио Балотели никако да побегне од проблеми, напаѓачот на Бреша во 2017 имал секс со малолетна девојка па бил уценуван и било побарано да плати 100.000 евра за случајот да не заврши до медиумите и полицијата.

Италија

19 годишна девојка од Виченца се обидела да изнуди 100.000 евра од Марио Балотели, ова го пренесе весникот Џорнале ди Виченца. Контроверзниот напаѓач, летото во 2017 се запознал со девојката во Ница, во периодот кога настапувал за клубот од Азурниот брег.

Двајцата си размениле броеви, почнале да се допишуваат, но пред работата да стане сериозна, Марио Балотели прашал дали таа е полнолетна. Девојката, иако во тоа време имала помеѓу 16 и 17 години, тврдела дека е постара и дури му испратила фотографија од лична карта, за која подоцна било утврдено дека била на нејзина братучедка.

Балотели прифатил средба, но само неколку месеци подоцна добил порака и барање да плати 100.000 евра или медиумите ќе дознаат за аферата а во полиција ќе биде доставена тужба за сексуален напад.

Фудбалерот одбил да плати и ја пријавил девојката за уцена. Обвинителството од Виченца по две години истрага го затворило случајот, фудбалерот нема да одговара за своите постапки, но нејасно е каква ќе биде казната за девојката.