24фудбал

Мертенс со убав гол му донесе победа на Наполи, Елмас повторно одигра цел меч (ВИДЕО)

Наполи со гол на Мертенс во второто полувреме победи на гостувањето кај Каљари со 1-0, Елиф Елмас ги одигра сите 90 минути.

Италија

Елмас полека но сигурно го освојува Џенаро Гатузо, македонскиот репрезентативец повторно беше стартер и остана до крај на теренот.

Елиф на овој меч играше во офанзивата, беше дел од напаѓачката тројка на Наполи. Беше динамичен, креираше проблеми во одбраната на Каљари, имаше неколку можности за гол но не ги искористи.

Победата ја донесе Мертенс со убав гол во 66. минута од натпреварот.