24фудбал

Интер конечно загуби на гости, Лацио со пресврт до големо славје (ВИДЕО)

Лацио ја доби дерби пресметката со Интер во Рим, домаќините со пресврт во вториот дел стигнаа до триумф од 2-1 и на „нероаѕурите“ им го нанесоа првиот пораз во гости.

Италија

Во претпоследниот натпревар од 24. коло во Серија А, Лацио славеше со 2-1 против Интер. Во возбудлив натпревар на Олимпико во Рим, „бјанкочелестите“ направија пресврт во вториот дел и на „нероаѕурите“ им го нанесоа првиот пораз на гости.

Интер поведе во последните минути од првиот дел, Јанг прв дојде до една одбиена топка и ја затресе мрежата на Стракоша за 0-1.

Лацио брзо се врати, по пет минути игра во продолжението, Имобиле од пенал изедначи на 1-1. Во 69. минута стигна нова радост за домаќините, по еден корнер, Милинковиќ Савиќ најдобро се снајде и погоди за 2-1.

Гостите се обидоа да се вратат до крајот, имаа еден поништен гол поради офсајд и една двојна шанса, но Лацио ја задржа предноста и остана на минус еден во однос на Јувентус, додека пак Интер сега има три помалку од лидерот на табелата.