24фудбал

Мина го замолкна Бернабеу, само реми на Реал Мадрид против Селта (ВИДЕО)

Со гол на Санти Мина во 85. минута Селта се избори за бод на гостувањето кај Реал Мадрид, натпреварот заврши 2-2.

Шпанија

Реал Мадрид киксна на Сантијаго Бернабеу откако одигра само реми против Селта.

Дека гостите ќе бидат незгоден противник покажаа уште на самиот старт, во седмата минута по асистенција од Аспас, Смолов даде гол за водство на Селта од 1-0.

Таквиот резултат долго време беше актуелен, Реал Мадрид израмни дури во 52. минута преку Тони Крос.

Во 65. минута голманот на Селта го фаулираше Азар во ситуација каде ќе беше безопасен, судијата покажа на белата точка, а прецизен беше Серхио Рамос за комплетен пресврт и водство на Реал Мадрид од 2-1.

Се чинеше дека Реал Мадрид ќе дојде до победата, но така не мислеше и Санти Мина кој постигна гол во 85. минута за конечни 2-2.

По 24 одиграни кола, Реал Мадрид има еден бод предност пред Барселона.