24фудбал

Гатузо со многу пофалби: Елмас има одлична физичка подготвеност и извонредна техника, може да направи големи работи во фудбалот

Џенаро Гатузо повторно имаше многу пофалби за Елиф Елмас, смета дека Македонецот може да направи големи работи во фудбалот доколку остане на земја и продолжи со напорната работа.

Македонија

Елиф Елмас денеска одново беше стартер за Наполи, мечот против Каљари го започна од првата минута, и то во нападот на местото на Инсиње. Македонецот остана на теренот и кога капитенот на Наполи влезе во второто полувреме, а за партијата која ја пружи доби добри оценки.

Не изостанаа и пофалбите од Џенаро Гатузо, кој вели дека Елиф Елмас може да направи големи работи во фудбалот доколку остане присебен и продолжи со напорната работа.

„Елмас има само 20 години, но располага со одлична физичка подготвеност и извонредна техника, Доколку остане на земја и продолжи со напорна работа, може да направи големи работи во фудбалот. Ги има сите потребни квалитети“ – вели тренерот на Наполи.

За одлуката Македонецот да добие шанса пред капитенот, Гатузо вели: „Инсиње имаше ситна повреда а Елмас може да понуди многу. Се работи за двајца различни играчи, но оној кој може да го даде максимумот игра. На теренот е тој што е подобар“.