24фудбал

Од лошо, на полошо за „Граѓаните“: Ѕвездите на Манчестер Сити би можеле да си заминат?

Нема дилеми во тоа дека постои криза во англискиот првак, а таа доаѓа по одлуката на УЕФА за двегодишна суспензија за составот од „Итихад“ во европските натпреварувања, неизбежни се одредени промени во клупската политика доколку одлуката не биде избегната на суд.

Англија

Откако добија дисквалификација од Лигата на шампионите за идните две сезони, во Манчестер Сити се чини дека работите можат да одат и на уште полошо, а тука секако се мисли на тоа каква ќе биде одлуката на ѕвездите во тој состав.

Според анализата на добро познатиот спортски адвокат, Џон Мерзад, кој својата анализа ја објави на „Твитер“, се вели дека некои од големите ѕвезди на англискиот првак би можеле да бараат ослободување од клупските обврски по одлуката на УЕФА.

Мерзад пишува дека постапките на Манчестер Сити во однос на непочитувањето на финансискиот фер-плеј, како и надминувањето и заобиколувањето на правилата наложени од УЕФА, би можеле да бидат класифицирани како „прекршување на довербата и сигурноста на договорите на фудбалерите со Манчестер Сити“.

Како консеквенција во целата ситуација, фудбалерите, како и стручниот штаб во тимот би можеле да агитираат на тоа дека со нивните договори биле прекршувани одредени правила, а дури би можеле да побараат да бидат ослободени од клупските обврски, и тоа ни повеќе, ни помалку, туку како слободни агенти на трансфер пазарот, а сево ова кореспондира со евентуалниот исход во процедурата, доколку арбитражниот суд за спорт да не ја прифати жалбата на Манчестер Сити.

Во Манчестер Сити имаат десет денови за да испратат жалба до судот во Лозана, исто така „Граѓаните“ ќе имаат можност да бараат и пролонгирање на суспензијата и паричната казна се дури не се случи конечната одлука на судот по тоа прашање.