24фудбал

БиБиСи: Пеп Гвардиола им се доверил на пријателите по забраната за настап во Лигата на шампиони... останува во Сити!

Според пишувањата на БиБиСи и уште неколку други извори, Пеп Гвардиола на пријателите им се доверил дека останува во Манчестер Сити и покрај казната од УЕФА и забраната за настап во Лигата на шампиони.

Англија

Казната која ја добија „граѓаните“ во петокот останува топ тема на „островото“, Манчестер Сити во следните две сезони нема да игра во Лигата на шампионите, односно Европа.

Последиците од оваа одлука можат да бидат огромни, низ медиумите има најразлични стории и се шпекулира дека актуелниот шампион на Англија ќе остане без стотици милиони во приходи, се најавува егзодус на играчи, заминување на Пеп Гвардиола, а казна може да изрече и Премиерлигата, најцрно сценарио е губење на шампионскиот трофеј од сезоната 2013/14.

Но според пишувањата на БиБиСи и уште неколку други извори, Пеп Гвардиола решил да не го напушта бродот кој тоне. Наводно стратегот им се доверил на пријателите дека останува и дека ќе го одработи договорот кој му завршува во јуни 2021 година.

Се верува дека Шпанецот има клаузула која му овозможува по крајот на оваа сезона да ја прекине соработката со Манчестер Сити, и се очекуваше дека тој ќе ја активира оваа опција доколку „граѓаните“ не успејат во жалбата до Судот за спортска арбитража.

Сепак, Пеп Гвардиола нема да повлече ваков потег и ќе остане верен на Манчестер Сити и без Лигата на шампиони.