24фудбал

Скандал во Барселона: Бартомеу платил милион евра за му се исчисти името и да се оцрнат Меси, Пике, Чави, Гвардиола...

Медиумите од Шпанија пишуваат за голем скандал на Камп Ноу, претседателот Жозеп Мариа Бартомеу најмил компанија која требало да ги исчисти неговиот имиџ и да се оцрнат сегашни и поранешни членови на клубот како Лео Меси, Жерард Пике, Чави и Пеп Гвардиола.

Шпанија

Жозеп Мариа Бартомеу во 2017 ја најмил комапнијата И3 Вентурас, која е специјализирана за креирање на мислење на социјалните мрежи, ова го пренесе СЕР утрово. Претседателот сакал да се исчисти неговиот имиџ и имиџот на бордот на директори, а да се оцрнат противниците но и сегашни и поранешни членови на клубот.

И3 Вентурас преку стотина профили на социјалните мрежи ја фалеле работата на Бартомеу и неговите соработници и вршеле напади врз Лео Меси, Жерард Пике, Чави, Пујол, Пеп Гвардиола и многу други.

Аргентинецот бил на удар за новиот договор, на дефанзивецот му се замерувало за бизнисот во кој се вклучи и организирање на нов Дејвис Куп во тенисот. Поранешниоте легенди, Чави и Пујол биле на мета поради поврзаност со Виктор Фонт, кој ќе биде еден од кандидатите за нов претседател на Барселона.

Од таборот на „каталонците“ за СЕР потврдиле дека ја најмиле компанијата И3 Вентурас, на која и платиле еден милион евра, но негирале дека ја користеле за оцрнување на сегашни и поранешни членови.