24фудбал

Гвардиола им ветил на играчите: Останувам во Сити, дури и да нè исфрлат во четврта лига!

Медиумите од Англија пренесуваат дека Пеп Гвардиола на фудбалерите им ветил дека нема да замине од Манчестер Сити, стратегот ветил дека останува дури и клубот да биде исфрлен во четврта лига.

Англија

Поради прекршување на правилата за Финансиски фер плеј, УЕФА во петокот го казни Манчестер Сити со забрана за настап во Европа во сезоните 2020/21 и 2021/22, како и парична глоба од 30 милиони евра.

Без настап во Лигата на шампионите, „граѓаните“ ќе останат покуси за стотици милиони, веројатно ќе треба да продаваат за да ги балансираат сметките, а се говореше и дека Пеп Гвардиола ќе замине. Исто така, клубот може да биде санкциониран и од Премиерлигата. Се говори за одземање бодови, губење на титула па дури и исфрлање во четврта лига.

Денеска се појавија неколку стории кои велеа дека Пеп Гвардиола сепак нема да го напушти бродото кој тоне, БиБиСи пренесе дека стратегот на пријателите им се доверил дека останува и без Лигата на шампиони.

Скај Спортс сега открива какво ветување дал Шпанецот на еден од состаноците кои се одржале на Етихад изминатиов викенд.

„Видете, јас останувам тука без разлика на казната. Дури и да нè испратат во четврта лига (Лига 2), јас останувам. Ова се времиња кога треба да останеме обединети“ – им порачал Пеп Гвардиола на играчите.