24фудбал

Барса излезе со соопштение за скандалот и профилите од кои се оцрнувале играчите

Барселона се огласи по сериозните обвинувања дека била ангажирана компанија за да се фали работата на претседателот Жозеп Мариа Бартомеу но и да пишуваат лоши работи за поранешни членови, „каталонците“ негираат дека стојат зад негативните и погрдни вести.

Шпанија

Утрово беше објавено за голем скандал на Камп Ноу, Барса ангажирала ПР агенција која требала да го ичисти образот на претседателот Жозеп Мариа Бартомеу и членовите на бордот на директори, но и да оцрнат сегашни и поранешни членови на клубот. Се говореше дека мета на критики биле Лео Меси, Жерард Пике, Чави, Пујол, Пеп Гвардиола како и човекот кој во 2021 ќе биде кандидат за нов претседател, Виктор Фонт.

Од таборот на „каталонците“ попладнево се огласија, потврдија дека ја ангажирале компанијата И3 Вентурсс, но негираат дека стојат зад профилите на социјалните мрежи кои објавуваат негативни и погрдни вести. Доколку се утврди дека ПР агенцијата ги контролира профилите, договорот ќе биде раскинат и ќе биде поднесена тужба.

„Во врска со информациите објавени денеска за компанијата која креира мислење на социјалните мрежи со цел да се нанесе штета на имичот на лица кои директно и индиректно се поврзани со Барселона, сакаме да го соопштиме следново. Негираме поврзаност ниту пак сме побарале услуга од профили на социјалните мрежи кои споделуваат негативни или погрдни пораки и вести. Компанијата И3 Вентурес, која нуди услуги на клубот, исто така нема никаква врска со споменатите профили, и доколку дојдеме до докази дека компанијата има некаква поврзаност, веднаш ќе го раскинеме договорот и ќе ги употребиме сите правни мерки за да ги браниме нашите интереси. Не криеме дека користиме услуги од ИЗ Вентурес за да ги мониторираме социјалните мрежи со цел подобро да ги анализираме позитивните и негативните коментари за клубот. Со помош на овие услуги, клубот се грижи за репутацијата на сите лица и организации поврзани со Барселона (спонзори, играчи, членови на бордот, членови на клубот, членови на навивачки организации...). Клубот исто така бара медиумите веднаш да ги појаснат информациите кои ги објавија и го задржуваме правото да поднесеме тужба против сите кои ќе продолжат да пишуваат невистини“ – гласеше известувањето.