24фудбал

Добри вести за Атлетико, Диего Коста се враќа за дуелот со Ливерпул

Утре Атлетико Мадрид го пречекува Ливерпул во првиот осминафинален меч од Лигата на шампионите, а Диего Симеоне ќе може да смета и на Диего Коста за овие дуели.

Лига на Шампиони

Диего Коста е надвор од терените од ноември минатата година поради повреда на грбот.

Тој денеска тренирал со остатокот од екипата и подготвен е да се врати во составот.

Диего Симеоне ќе го има на располагање за утрешниот голем дуел со Ливерпул, но не се верува дека ќе го игра од првата минута.

Добра вест за Атлетико Мадрид е и враќањето на уругвајскиот дефанзивец Хозе Хименез кој беше на клупата на мечот против Валенсија.

Мечот со Ливерпуќ ќе го пропуштат двете летни засилувања на Атлетико, Жоао Феликс и Киран Трипие.