24фудбал

Ребиќ повторно му донесе победа на Милан, росонерите подобри од Торино (ВИДЕО)

Анте Ребиќ ја продолжи голгетерската серија и му донесе нова победа на Милан, овој пат против Торино.

Италија

Ребиќ е играчот на Милан кој игра во најдобра форма во последните натпревари, Хрватот погоди и вечерва против Торино.

Клучниот момент на мечот се случи во 25. минута кога Ребиќ го постигна погодокот кој значеше победа.

Со оваа победа Милан се искачи на осмото место на табелата со 35 бодови колку што имаат и Верона и Парма кои се пред росонерите поради подобра гол разлика.