Категорија: Англија 18.02.2020 10:06
Лоренс Мегваер, кој инаку настапува во дресот на нисколигашот Честерфилд, ја објави конверзацијата со својот брат, кој имал големо претчувство дека ќе постигне гол на синоќешното дерби на Островот.
Братот на столбот во одбраната на Манчестер јунајтед, Хари Мегваер, Лоренс, откри дека капитенот на „Црвените ѓаволи“ во порака му посочил дека ќе постигне гол на дерби пресметката со Челси, на гостувањето во Лондон.
Токму тоа се случи, па така Мегваер постигна гол со кој ја потврди победата на Манчестер јунајтед на гостувањето кај Челси во дербито на 26. коло од Премиерлигата со 0-2.
„Прекините ти се прилика вечерва“ му пишува Лоренс во конверзацијата, по што неговиот брат му одговара: „Да, ќе постигнам гол вечерва, гледај“.
Ова беше голема победа за „Црвените ѓаволи“ кои со синоќешните освоени три бода сега со 38 бода се само на три бода зад четвртопласираниот Челси, па битката за топ четирите екипи во Премиерлигата сигурно ќе биде уште поинтересна во продолжението од сезоната.
Голот на Мегваер - ТУКА.