24фудбал

Лотито: Ннеутралните навиваат за Лацио

„Лацијалите“ играат во одлична форма, а тоа им донесе битка рамо до рамо со Јувентус и Интер за Скудетото оваа сезона, дека ќе биде интересно во продолжението од сезоната, речиси и да нема дилеми.

Италија

Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито тврди дека сите кои не го поддржуваат Јувентус или Интер, се надеваат на тоа дека составот од Рим ќе го освои Скудетото оваа сезона во „Серија А“, а шанси за такво нешто има.

Лацио е во фантастична форма, а со победата над Интер на домашен терен, со пресврт од 2-1 во дербито на 24 коло од „Серија А“ изминатиот викенд, „Лацијалите“ дојдоа до второто место на табелата со бод заостанување зад лидерот Јувентус.

Многу навивачи на Лацио, меѓутоа и оние кои не се дел од таа група бараат од нас да го сопреме монополот на Јувентус, како и да го победиме Интер“ вели Лотито.

Сите оние кои не го поддржуваат Јувентус или Интер, не поддржуваат токму нас“ додава тој.

Најдобрата сатисфакција од мечот во неделата не беа пораките, ниту телефонските повици, туку моментот кога влегов во соблекувалната кај фудбалерите по мечот, влегов и пет или шест фудбалери со голем адреналин дојдоа кон мене“ открива првиот човек на Лацио детали од славјето во соблекувалната кај фудбалерите.

Тие викаа гласно: ‘Гледате ли, претседателе? Ние го сторивме тоа што вие го побаравте од нас, дали видовте, вие видовте! Тие се дереа како луди, а воедно го сторија тоа што клубот го побара од нив“ заклучи Лотито.