24фудбал

Во Интер падна договор за мошне важен потпис

Аусилио практично доби еден вид награда за досега стореното во клубот, посебно за оваа сезона каде учествуваше во големи зделки кои донесоа, барем до овие моменти, резултати за „Нероаѕурите“.

Италија

Според информациите кои пристигнуваат од Италија, се вели дека Интер веќе се договорил со својот спортски директор Пјеро Аусилио за продолжување на соработката помеѓу обете страни до јуни 2022. година.

Интер изминатиов викенд загуби на гостувањето кај Лацио со 2-1, иако водеше против еден од двата директни ривали за титулата во „Серија А“ сезонава, па со тоа „Нероаѕурите“ сега се на минус три во однос на лидерот Јувентус.

Како и да е, тоа ништо не промени во однос на ставот кај претседателот на Интер, Стивен Жанг, кој ја продлабочи својата доверба во групата луѓе кои се на високи позиции во клубот од Милано, а Аусилио е негов близок соработник, човек од доверба.

„Ла Република“ известува дека Аусилио, кој во Интер работи од 1998. година па наваму, а беше назначен за спортски директор во клубот во 2014. година, веќе се согласил на понудените услови и ќе потпише нов договор.

Аусилио добива еден вид награда за досега стореното во Интер, посебно за оваа сезона каде учествуваше во добри зделки кои донесоа резултати за клубот, меѓутоа во иднина го чека сигурно уште повеќе работа, со оглед на отворените прашања околу иднината на Марсело Брозовиќ, Стефан де Вриј, Милан Шкринијар, како и Лаутаро Мартинез.