24фудбал

Симеоне објасни од каде потекнува прекарот „Ел Чоло“

Повеќето аргентински фудбалери и тренери од таа земја имаат прекари, меѓутоа која е приказната зад прекарот на шефот на стручниот штаб на Атлетико Мадрид, објаснува самиот тој во едно интервју.

Шпанија

Аргентинците ги посакуваат во голема мера прекарите, посебно кога се работи за фудбалот, некои од звучните аргентински фудбалски имиња и тренери всушност беа познати по нивните прекари, а тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, конечно објасни што се крие зад прекарот „Ел Чоло“.

Всушност, „Ел Чоло“ нема никакво значење, ниту пак е одредена кратенка од името и презимето на предводникот на „Јорганџиите“, па така, во едно интервју за „Ел Ларгеро“, Симеоне објасни од каде доаѓа идејата за „Ел Чоло“.

Во текот на 70-тите години имаше фудбалер Кармело Симеоне, го нарекуваа „Чоло“, тој беше десен бек кој настапуваше за Бока Јуниорс, мислам дека имаше еден или два настапи во дресот на националниот тим на Аргентина“ вели Симеоне.

Околу 1985. година, тренерот Викторио Спинето, кој беше голем аргентински фудбалер, ме тренираше во младинскиот состав, а еден ден ме нарече „Чоло“, и така остана сето тоа, што значи „Чоло“? Немам никаква претстава...“ додаде Симеоне кој вечерва со својот Атлетико Мадрид на домашен терен против европскиот првак Ливерпул ја стартува осминафиналната рунда натпревари во Лигата на шампионите.