24фудбал

Солшер џабе одби да реплицира, Рајола одново „распали“ и порача: Погба е верен на Манчестер јунајтед само до ЕВРО 2020!

Мино Рајола со нов напад кон Оле Гунар Солшер, вели дека Норвежанецот претерал со коментарите и порача дека Пол Погба му е верен на Манчестер јунајтед само до летоска, односно Европското првенство.

Англија

Контроверзниот агент, синоќа влезе во војна со тренерот на Манчестер јунајтед со објава на социјалните мрежи. Оле Гунар Солшер по победата на Челси одби да реплицира, но и непрозван, Мино Рајола одново „распали“ по стратегот.

„Оле претера со коментарите, извади реченица од мое интервју и глумеше дека е навреден, дека јас сум го нудел Погба на други клубови без дозвола. Доколку го прочитате целото интервју, ме прашаа дали Пол мечтае за враќање во Италија. Кажав дека Италија е негов втор дом, но дека во моментов тој е фокусиран само на Манчестер јунајтед, да се врати во полн фитнес и да му помогне на клубот во финишот од сезоната. Бев прашан, дали тој би сакал да се врати во Италија и одговорив како Мино Рајола. Зар не смеам да го правам тоа?“ – вели Италијанецот.

„Исто така, имам голем проблем со изјавата на Оле дека Погба е во сопственост на Манчестер јунајтед. Погба е вработен во клубот, не е во сопственост на Манчестер јунајтед. Јас никогаш не сум зборувал за Оле во медиумите, а тој постојано зборува за мене. Зборува за Халанд и ме спомнува мене, зборува за повредата на Погба и ме спомнува мене, зборува за операцијата на Погба и ме спомнува мене“.

„Јас имам право на мислење, имам право да го застапувам мојот играч на начин на кој сметам дека е најдобар, и доколку на некого не му чини ова, тоа е нивен проблем. Мене ме интересираат само моите играчи, и тие да бидат среќни од мојата работа“.

Што се однесува до иднината на Пол Погба, Мино Рајола порача дека Французинот е верен само до летоска, односно до ЕВРО 2020.

„Погба е верен на Манчестер јунајтед само до Европското првенство, потоа ќе разговараме со клубот доколку има потреба“.