24фудбал

Мурињо го загуби и Сон, Кореецот мора на операција

Сон заработил скршеница на десната рака на мечот со Астон Вила, во текот на оваа недела ќе се оперира.

Англија

Сон уште во првата минута на мечот со Астон Вила ја скршил раката но остана во игра цел меч, даде два гола и беше клучен за победата од 3-2.

Тотнем денеска излезе со соопштение дека Сон мора да оди на операција поради скрешената рака, поради што неколку недели ќе биде надвор од стројот.

„Јужнокорејскиот фудбалер заработи повреда за време на победата против Астон Вила во неделата. По операцијата која треба да ја направи, нашиот медицински тим ќе ги разгледа опциите за рехабилитација на Сон, се очекува тој неколку недели да биде надвор од стројот“, стои во соопштението на Тотнем.

По повредата на Хари Кејн, Сон беше главниот играч на Мурињо, тој постигна шест голови на последните пет натпревари.

Сон има 16 голови во сите натпреварувања оваа сезона. 

Тотнем утре го пречекува Лајпциг во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите, а во сабота му гостува на Челси во директен меч за четвртото место во Премиерлигата.