24фудбал

СЕР објави досие од 35 страни за „Барсагејт“, Бартомеу се огласи: Лага е дека сме плаќале за луѓе да бидат оцрнети

Претседателот на Барселона, Жозеп Мариа Бартомеу се огласи по пишувањата за голем скандал и негира дека клубот платил за да бидат оцрнети сегашни и поранешни членови.

Франција

Синоќа беше обелоденет голем скандал на Камп Ноу, Барселона ангажирала ПР агенција која требало да го исчисти образот на претседателот Жозеп Мариа Бартомеу и неговите соработници, но и да оцрнат сегашни и поранешни членови на клубот.

„Каталонците“ синоќа негираа дека применувале ваква практика, но СЕР излезе со досие на 35 страни и понуди докази дека барем една веб страна и одредни профили на социјалните мрежи биле во сопственост на компанијата И3 Вентурес, на која и биле платени еден милион евра од страна на Барселона.

Попладнево се огласи и претседателот Жозеп Мариа Бартомеу, кој нагласи дека лага се сториите кои велат дека клубот плаќал за луѓе да бидат оцрнети, и најави дека договорот со И3 Вентурес ќе биде раскинат по сознанијата дека компанијата стои зад одредени објави.

„Никогаш не сме платиле за одреди индивидуи да бидат дискредитирани. Ниту сегашни играчи, ниту поранеши играчи, ниту пак сегашни претседатели, поранешни претседатели или политичари. Вестите се лага. Ќе се браниме со сите расположливи средства од овие напади. Повторувам, лага е дека Барселона директно ангажирала некого да оцрнува одредени лица“ – вели Бартомеу.

„Да, вистина е дека кон крајот на 2017, Барселона ангажираше компанија која требаше да ги следи случувањата на социјалните мрежи, практика која ја користат многу институции. Откако сега ни беше посочено дека одредени профили поврзани со компанијата обајвувале несоодветни коментари за луѓе поврзани со Барселона, утрово дадов наредба да се прекине договорот“.

„Сакам да појаснам. На прашањето, „Дали сме ангажирале компанија за да ги мониторираме социјалните мрежи?“, одоговорот е ДА. И ќе продолжиме да го правиме тоа. Наша обврска е да знаеме што се зборува за клубот ширум светот, со цел да ја заштитиме Барселона. На прашањето, „Дали сме плаќале за одредени индивидуи да бидат дискредитирани?“, одоговорот е НЕ и ќе ги тужиме сите оние кои не обвинуваат за ова“.

Медиумите од Шпанија исто така пишуваат дека Жозеп Мариа Бартомеу договорил средба со играчите за да им објасни што точно се случувало.