24фудбал

Мурињо му се чуди на портпаролот на Тотнем: Не знам зошто објави такво соопштение, тешко дека Сон ќе заигра оваа сезона

Тренерот на Тотнем, Жозе Мурињо вели дека Хеунг мин Сон нема да игра повеќе оваа сезона и се чуди на оптмизмот кој портпаролот на клубот го изразил во соопштението кое што беше објавено.

Англија

„Спарси“ денеска соопштија дека Хеунг мин Сон заработил фрактура на раката на дуелот против Астон Вила во неделата, фудбалерот од Јужна Кореја ќе мора на операција за да ја санира повредата. Тотнем не даде точна временска рамка за рехабилитацијата и само пренесе дека напаѓачот ќе биде надвор од стројот неколку недели.

Ваквата објава го зачуди Жозе Мурињо, кој порача дека сезоната за Хеунг мин Сон практично е завршена и тој повеќе нема да смета на фудбалерот.

„Лоши вести. Мислам дека нашиот портпарол најде убав начин да го напише соопштението. Доколку јас требаше да го напишам, ќе беше многу поразлично. Мислам дека ме разбирате. Според Сајмон, ќе бидеме без него неколку недели“ – рече Португалецот на денешната прес конференција во пресрет на дуелот со РБ Лајпциг во Лигата на шампионите.

„Но не знам дали ќе можам повторно да сметам на Сон оваа сезона. Доколку одигра еден или два натпревари, тоа ќе биде само поради оптимизмот на нашиот портпарол. Се надевам дека е во право. Но според мене, Сон нема да игра повеќе оваа сезона“.